Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗДАДЕНА НОВА ТРИГОДИШНА ДРЖАВНА ОБВРЗНИЦА - државата позајми 7,1 милиони евра, а еве која е каматната стапка

ИЗДАДЕНА НОВА ТРИГОДИШНА ДРЖАВНА ОБВРЗНИЦА - државата позајми 7,1 милиони евра, а еве која е каматната стапка

За ново државно задолжување преку тригодишна државна обврзница јавува Македонската берза за долгорочни хартии од вредност, каде што оваа обврзница, стартувајќи од денеска, почнува да котира. 

Издавач на обврзницата е Министерството за финансии, а станува збор за издадена се државна обврзници без девизна клаузула.

Сумата на издадената државна обврзница е 7,1 милиони евра, а парите ќе треба да се вратат до април 2028 година.

Со оглед што станува збор за тригодишна обврзница, каматната стапка е 3,4 проценти. 

Треба да се напомене дека при издавањето државни хартии од вредност како кредитори на државата главно се јавуваат домашните банки и фондови, кои на тој начин ги оплодуваат своите слободни средства. 

Со парите, пак, кои што ги зема државата преку ова задолжување, таа најчесто враќа стари долгови од доспеани а претходно издадени хартии од вредност.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести