Економија, финансии, бизнис

Контакт

Избувнаа пожари во Македонија, гореше и гаражата на струмичкиот суд

Избувнаа пожари во Македонија, гореше и гаражата на струмичкиот суд

Повеќе пожари имаше денеска во Македонија. 

Пожарот што избувна во гаражата на Основниот суд во Струмица целосно е изгаснат во 16 часот, а во неговото гаснење учествувале 14 пожарникари со четири возила.

Во пожарот целосно изгорел новиот автомобил на Основниот суд во Струмица, а уште еден, кој бил паркиран во неспоредна близина, бил опожарен.

Шумски пожар попладнево избувна на падините на Осоговските планини во близина на селото Лешки, а поради густиот чад и високите пламени јазици за сообраќај е затворен и регионалниот патен правец од Кочани кон туристичкиот центар на Пониква.

Огнот е забележан околу 16 часот над селото Бели и поради ветерот и сувата вегетација брзо се прошири на поголема површина нискостеблеста шума, а веќе зафати и борова шума на околу петнаесетина хектари. На подрачјето се оштетени и овошни насади и повеќе пчелни сандаци, а постои опасност огнот да зафати и неколку викенд куќи во близина.

На терен се излезени сите екипи и возила на Територијалната противпожарна единица од Кочани кои интервенраат во гаснењето на огнената стихја, а поддршка имаат од вработени и механизација на комуналното претпријатие „Водовод“, од шумското стопанство „Осогово“, од Дирекцијата за заштита и спасување и од други институции.

Слично

Поврзани вести