Економија, финансии, бизнис

Контакт

Избришана групата во која беа објавувани „предавниците“

Избришана групата во која беа објавувани „предавниците“

Страницата „Предавници – Traitors“ на социјалната мрежа Фејсбук, на која бојкотирачите од дијаспората од утрово објавуваа снимки и фотографии од граѓаните кои излегоа да гласаат во Дипломатско-конзуларните претставништва,  во Мелбурн,  е избришана.

Бојкотирачите ги чекаа избирачите пред гласачките места и им извикуваа „предавници“, а потоа го објавуваа и нивниот идентитет.

Групата која денеска ги снимаше Македонците што се одлучија да го искористат своето право на глас во Мелбурн, објави групна фотографија на социјалните мрежи. 

Тие велат дека до 17 часот, според австралиско време, гласале само 7 лица.

Против нив се очекува австралиските власти до покренат постапки, откако од Владата известија дека случајот е пријавен во тамошната полиција.

Слично

Поврзани вести