„ИЗБРИШАН УШТЕ ЕДЕН НАРОДЕН ХЕРОЈ“: Мојсоска од Левица прашува дали ова е системско бришење на АСНОМ
Избришан уште еден народен херој...
Трендот на бришење на меморијата на антифашистичката борба продолжува и со новата влада.
Меџити денес се пофали дека ја преименува улицата која го носеше името на народниот херој Христијан Тодоровски - Карпош.
Наивно е да се верува дека ова е случајно и дека не се работи за системско бришење на АСНОМ од колективната меморија - токму од оние кои ги глорифицираат балистичките идеи.
Ова денеска го објави претеничката од редовите на „Левица“, Јована Мојскоска, која потенцираше дека претходната влада или коалиција во чиј состав беа СДСМ и ДУИ ја избриша улицата „Втора македонска ударна бригада", додека сегашната влада на ДПМНЕ и Вреди го избриша Христијан Тодоровски - Карпош.
Мојсоска потсетува дека Христијан Тодоровски - Карпош беше прогласен за Народен херој на Југославија на 29 јули 1945 година, како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно со Стеван Наумов - Стив, Орце Николов, Страшо Пинџур, Мирче Ацев и Кузман Јосифовски - Питу). Тој бил убиен од бугарскиот окупатор на 7 февруари 1944 г. за време на нападот на бугарското воено и полициско упориште во селото Билјача, Прешевско.
Во негова чест е испеана и песната „Битка се пие кумановско поле“
Еве ја нејзината објава:
Фото: Принскрин/Фејсбук
Слично
