Изби тепачка на јавната презентација на ДУП-от за делот кај Трнодол
Изби тепачка на јавната презентација на ДУП-от во Карпош за делот кај Трнодол.
Расправата е одложена откако настана тепачка помеѓу насобраните граѓани.
Луѓето велат дека имало лица кои не биле од Трнодол, односно 15 од Жданец и околу 50 лица од други места, кои биле провокатори.
Полицијата прави записник за физичката пресмета.
Револтирани од насилното инсистирање на градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев по секоја цена да го истурка носењето на контравезниот ДУП, граѓаните од Трнодол вчера најавија дека се подготвуваат за протести и неколку тужби кон Општината, градоначалникот, а можеби и кон општинските и градски советници.
Слично
