ИЗБРАНО НОВО РАКОВОДСТВО НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ: Еве кој ќе го води
Денес се одржа 11-от КОНГРЕС на Македонскиот полициски синдикат на кој од делегираните 77 делегати, присутни беа 72, информираа на фејсбук од синдикатот.
„ На Конгресот со 71 глас ЗА и 1 ПРОТИВ, делегатите го избраа Зоран Кузманоски за нов Претседател на Македонскиот Полициски Синдикат. За нов Генерален секретар е избран колегата Зоран Крстев, а за заменик на Генералниот секретар е избран Адријан Телкиу заедно со членовите на претседателството на Македонскиот Полициски Синдикат. Им честитаме и им посакуваме успешна работа !!Воедно во име на Македонскиот полициски синдикат на досегашниот Претседател на МПС д-р Марјан Кицев му благодариме за досегашната посветеност и ангажиранот со цел подобрување на правата на вработените во МВР, со искрени желби за добро здравје и успех во животот.“ објавија оттаму.
Слично
