Избрани замениците министри, се финализираат директорите: Еве кои ги избра ДУИ
Собранието вчера ги избра замениците министри во Владата, по што во владината коалиција ќе се договорат и кадровските решенија за директорските места во државните институции. Веќе имаше информации за тоа која партија каде ќе влезе. Од извори во ДУИ дознаваме дека персоналните решнија за директорските места се во фаза на финализација.
Сепак неофицијално ова се имињата - Фестим Халили, досегашниот директор на Македонски Железници ќе биде директор на Агенцијата за електронски комуникации.
Фатон Положани е избор за директор на Македонски Железници, додека Ејуп Рустеми, досегашниот директор на Пошта на Северна Македонија ќе седне во фотелјата на Зоран Китанов во Агенцијата за државни патишта. Според информациите, Беким Мемети ќе биде директор на Македонија Пат, а Фатон Ахмети ќе биде директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.
Лирим Шабани треба да е директор на Агенцијата за лекови Малмед, додека како што веќе објавивме Бесим Кока, ќе биде директор на МЕПСО. Фактор веќе пишуваше дека Кока е најсериозен кандидат за оваа државна компанија. Тој моментално е финансиски директор на Здравствен дом - Скопје, а во здравствените институции е речеиси две децении.
Нашите извори велат дека Дритон Кучи ќе го земе местото на Арафат Муареми во Управата за финансиска полиција, додека Авни Рустеми ќе биде директор на Агенцијата за млади и спорт.
Слично
