Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗБРАА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНАТА, НЕ СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ГРАДОТ: Во Чаир и Сарај драстично помала излезноста во вториот круг

ИЗБРАА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНАТА, НЕ СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ГРАДОТ: Во Чаир и Сарај драстично помала излезноста во вториот круг

Жителите на скопските општини кои избраа градоначалник во првиот круг со намален интензитет излегуваат на избори за градоначалник на градот, но разликата е најевидентна во две општини - Чаир и Сарај.

Фактор ги анализираше резултатите од излезноста на скопските општини: Во Кисела Вода, излезноста до 13 часот е 19,57 проценти или еден процент помала отколку во првиот круг, кога била 20,78 отсто. 

Во Гази Баба, во првиот круг гласале 19,06 проценти. Во вториот круг, до 13 часот излезноста е 14,24 проценти. Слична е ситуацијата и во Ѓорче Петров, каде во првиот круг излегле на гласање 19,67 проценти, а во вториот круг, 15,92 отсто. 

За седум проценти е помала излезноста во Бутел - Во првиот круг до 13 часот на гласање излегле 20,69 проценти, а во вториот круг, 13,30 проценти. 

Во Сарај и Чаир е најевидентна разликата. Во Сарај, во првиот круг на гласање излегле 21,48 проценти. Во вториот круг, кога треба да бираат само градоначалник на Скопје, на гласање излегле 3,58 проценти. 

Во Чаир пак, во првиот круг, кога беше изгласан и градоначалник на општината, гласале 21,78 отсто. Во вториот круг, кога треба да гласаат само за градоначалник на Скопје, излезноста е 5,35 проценти. 

Во општините Аеродром, Центар, Карпош и Шуто Оризари пак, граѓаните добиваат две ливчиња. Таму се гласа и за градоначалник на општината, но и на Град Скопје.

Во Аеродром, излезноста до 13 часот во вториот круг е 19,21 процент. Во првиот круг, била 20,63 отсто. Во Центар, во првиот круг гласале 22,03 проценти, а во вториот круг до 13 часот излезноста е 21,74 проценти. 

Во Карпош излезноста во вториот круг е поголема отколку во првиот круг. Денеска до 13 часот гласале 22,14 проценти, а во првиот круг, излезноста изнесувала 21,69 отсто. 

Во Шуто Оризари, во првиот круг гласале 13,76 проценти. Во вториот круг, излезноста е 12,78 отсто.

Слично

Поврзани вести