Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изборниот законик блокиран во Собранието поради барање, еден член на ДИК да може да стави вето?

Изборниот законик блокиран во Собранието поради барање, еден член на ДИК да може да стави вето?

Еден член да може да стави вето во Државната изборна комисија било барање за да се откочи Изборниот законик, кој веќе е во процедура во Собранието. Ова го тврди премиерот Христијан Мицкоски, кој посочи дека се работи за нешто што го нема во ниту една држава.

„Изборниот законик е завршен и веќе неколку месеци е во собраниска процедура, блокиран е од една опозициска партија поради барања кои немаат логика, ниту некаде ги има. Едно од барањето е да било кој член на ДИК стави вето“, рече Мицкоски.

По одлуката на Државната изборна комисија да се укине упатството од минатата година, а кое се однесува на постапката за собирање потписи и изборот на нотарите, Мицкоски вели дека ДИК треба да донесе нов правилник.

„Ако има волја, ние сме подготвени да изгласаме. Усогласен е од сите политички партии кои се во парламентот, освен една која во последен момент се премисли заота што сакала нивниот член да може да стави вето. Во овој случај, одлуката е кај ДИК, има механизам и тоа можат да го донесат во својот правилник“, рече Мицкоски.

Слично

Поврзани вести