Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изборниот процес под лупа на 25 американски тимови

Изборниот процес под лупа на 25 американски тимови

 Амбасадата на САД има вкупно 25 тимови што го набљудуваат изборниот процес низ земјата. За ова информира Микаела Швајзер-Блум, в.д. амбасадор во Амбасадата на САД во нашата држава, денеска пред ОУ „Кочо Рацин“ во Скопје.

– Изборите се многу важен дел за секоја демократија и веруваме дека е многу важно гласачите да можат да гласаат во атмосфера без заплашување и принуда, и дека процесот на гласање е транспарентен и одговорен, изјави Швајзер-Блум.

Таа информира дека ќе ја разгледаат проценката и податоците од ОДИХР, но за нив е корисно да можат да бидат надвор за да ја увидат состојбата на терен. 


Слично

Поврзани вести