Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗБОРНИ ИГРИ: Крадење на гласови со слични имиња?

ИЗБОРНИ ИГРИ: Крадење на гласови со слични имиња?

Финтите со слични имиња и на овие избори ќе се обидат да ги збунат гласачите.

Дублерите, како што може да се забележи од веќе објавените пратенички листи се најзастапени во партијата СДПМ.

Имено, кандидатите од таа партија имаат имиња слични или исти со носителите на листата на СДСМ.

На пример, носител на листа во единицата ќе биде Стево Продановски од Зелениково, кој ќе му парира на Стево Пендаровски од СДСМ. За разлика од минатите избори, кога дублер на Радмила Шеќеринска беше Рада Шекерова, овој пат ќе се трка со Радмила Шукуроска од Прилеп. Кандидатот на СДСМ Љупчо Николовски, ќе добие противкандидат со идентично име и презиме.

СДСМ веќе соопшти дека е во фаза на разгледување за поднесување на кривична пријава за попречување на слободна волја на изразување. 

Слично

Поврзани вести