Изборната кампања стартува во понеделник
Изборната кампања за предвремените избори закажани за 11 декември ќе почне на 21 ноември, информираат од Државната изборна комисија.
Од ДИК потсетуваат дека од денот на распишување на изборите сè до почетокот на изборната кампања, радиодифузерите и печатените медиуми не смеат да емитуваат платено политичко рекламирање.
За прекршителите на овие одредби, ДИК ќе иницира поведување соодветни постапки во согласност со своите надлежности. Висината на казните за ваквите прекршоци е утврдена во член 181 и 182 од Изборниот законик, додаваат од ДИК.
Слично
