Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗБОРНАТА КАМПАЊА СЕ БЛИЖИ ДО ФИНИШ: Што ќе донесе вториот круг од локалните избори

ИЗБОРНАТА КАМПАЊА СЕ БЛИЖИ ДО ФИНИШ: Што ќе донесе вториот круг од локалните избори

Се гледа крајот на изборната кампања. Острата реторика на партиите продолжи и по првиот изборен круг, а не изостануваат ниту пак ветувањата за подобар живот.

Засилени партиски активности со митинзи не изостанаа ниту на оваа кампања а најинтересна битка за дел од јавноста е Скопје бидејќи копјата ќе ги кршат Петре Шилегов и Данела Арсовска.

Оваа недела на 31 октомври втор круг ќе се одржи во 44 општини.

Да се обединиме да продолжи економскиот раст и во Куманово и во сите општини низ државата.

„Во изминатите 4 години поставивме високи економски стандарди:

Ги покачуваме платите. Просечната плата е над 28.000 ден, а минималната од 1 јануари ќе биде 18.000 ден. Ја намаливме невработеноста на историски ниски 15,9%. Ги покачуваме пензиите постојано, а од следната година со новата методологија на усогласувањето, пензиите ќе растат меѓу 400 и 600 денари и тоа секој 1 јануари и секој 1 јули. Привлекуваме странски инвестиции. Во Кумановскиот Регион влегува најголемата инвестиција во ветерна електрана од 500 милиони евра.“ истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев синоќа од Куманово барајќи ја поддршката за тој град.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ пак митингуваше во скопско Лисичи.

Од тој дел на Скопје, Христијан Мицкоски рече дека на Скопје му требаат длабоки промени и создавање на нова иднина а Данела Арсовска дека е вистинскиот избор за градоначалник на Скопје. 


Фото: Фејсбук официјален профил Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести