Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изборите завршија, се враќаат судењата, утре Груевски на рочиште за „нарачката на шамари“

Изборите завршија, се враќаат судењата, утре Груевски на рочиште за „нарачката на шамари“

Откако политичарите завршија со изборните активности сега ќе може да ја дадат својата одбрана во случаите кои се водат против нив. За утре е закажано ново рочиште за случајот поттикнување насилство пред општина Центар во кој СЈО како првоосмничен го товари екс премиерот Никола Груевски. 

Тој е осомничен дека нарачал граѓаните кои протестирале пред општината да влезат внатре додека трае седницата, а еден од нив да му удри шамари на градоначалникот Андреј Жерновски. Претходно рочиштето беше откажано поради обврски на обвинетите, а се очекува да се појави и екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски.

Во наредниот период ќе продолжат и судските процеси во кои е обвинет и Зоран Заев, лидерот на опозицијата водени од ОЈО. 


Слично

Поврзани вести