Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗБОРИТЕ ВО БУГАРИЈА ПО ОБЛАСТИ: ДБ доминира во Софија, ГЕРБ го губи Пловдив

ИЗБОРИТЕ ВО БУГАРИЈА ПО ОБЛАСТИ: ДБ доминира во Софија, ГЕРБ го губи Пловдив

„Демократска Бугарија“ ги добива изборите во 23 и 24 МИР во Софија, но губи од ГЕРБ-УДФ и „Има таков народ“ во 25 МИР, покажуваат податоците од утрово за главниот град со 100% обработени протоколи, пишува БГНС.

Во 23 МИР-Софија „Демократска Бугарија“ е прва со 32,87%, следена од ГЕРБ-УДФ со 20,94%. Трети се „Има таков народ“ - 17,74%, „БСП за Бугарија“ - 11,28%, „Исправи се! Мафијата надвор!”- 5,73%. 

Во 24 МИР-Софија сликата е следна: „Демократска Бугарија“ - 28,46%; ГЕРБ-СДС - 23,32%; „Има таков народ“ - 19,57%; „БСП за Бугарија“ - 11,05%; „Исправи се! Мафијата надвор!”- 5,41%. Со 100% обработени протоколи во 25 МИР, ГЕРБ-УДФ се избори за најголем глас на граѓаните - 25,23%.

Веднаш по нив се: „Има таков народ“ - 23,14%; „Демократска Бугарија“ - 20,40%; „БСП за Бугарија“ - 12,39%; „Исправи се! Мафијата надвор!”- 5,76%. ГЕРБ-УДФ во моментов се први во областа Софија, но само со околу 67% од обработените протоколи. Следува „Има таков народ“, „БСП за Бугарија“, „Демократска Бугарија“. „Има таков народ“ пред ГЕРБ во Пловдив, освојувајќи 26,59%. ГЕРБ-УДФ освои 25,32%, „Демократска Бугарија“ - 16,54%, проследени со „БСП за Бугарија“ и „Исправи се! Мафијата надвор!”

Во Плевен, „Има таков народ“ се одвои со 32,38% пред ГЕРБ-УДФ, кој освои 21,60%. Од друга страна, во Бургас доминира ГЕРБ-УДФ - 24,04%, „Има таков народ“ се втори со 22,46%, а МРФ трети со 13,67%. Во Варна, со 97% обработени протоколи, бројките се како што следува: ГЕРБ-УДФ - 27,19%; „Има таков народ“ - 26,44%; „Демократска Бугарија“ - 12,84% Во Благоевград ГЕРБ-УДФ е на прво место со 26,12%, „Има таков народ“ на второто - 21,56%, следен од МРФ со 15,78%.


Фото: Getty Images/Guliver

Слично

Поврзани вести