Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изборите се важни за нашите и амбициите на САД и на ЕУ за Софија да ја дигне блокадата, вели Бучковски

Изборите се важни за нашите и амбициите на САД и на ЕУ за Софија да ја дигне блокадата, вели Бучковски

Двојните избори вo недела во Бугарија се исклучително важни за нашите амбиции, вели специјалниот претставник на Владата во релациите со Бугарија Владо Бучковски, јавува бугарската новинска агенција БГНЕС.

Додава дека изборите се важни и за амбициите на САД и на ЕУ за Софија да ја дигне блокадата за започнување на преговорите на нашата земја за членство во Европската Унија. 

„Според мене ќе има кабинет . Прашањето е дали ГЕРБ на Бојко Борисов ќе состави коалиционен кабинет или пак тоа ќе го направат партиите водени од „ Ја продолжуваме промената“ на поранешните министри Петков и Василев. За нас се важни роковите за составување на владата бидејќи се наоѓаме во цајтнот пред Советот на Европската Унија кој ќе се одржи во средината на декември“, изјавил Бучковски, јавува БГНЕС.

Во Бугарија ќе се одржат третите парламентарни избори годинава, со надеж дека конечно ќе се формира Влада. Ниту една партија не се очекува да освои мнозинство, што веројатно ќе доведе до тешки коалициски разговори.

Слично

Поврзани вести