Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗБОРИ НА 21.ЈУНИ?: На лидерска средба в понеделник ќе се дефинира датумот

ИЗБОРИ НА 21.ЈУНИ?: На лидерска средба в понеделник ќе се дефинира датумот

В понеделник кај претседателот Стево Пендаровски ќе се одржи уште една лидерска средба, по првата која се одржа во вторникот и на која не беше постигнат договор за датумот на изборите. На состанокот, освен лидерите, кај шефот на држвата ќе присуствува и премиерот Оливер Спасовски, како и претседателот на Собранието, Талат Џафери.

И покрај тоа што вонредната состојба е продолжена до 30 мај, СДСМ и ДУИ се за брзо одржување на изборите, односно 22 дена по завршување на вонредната состојба. Во тој случај, датумот е 21 јуни. Од партијата велат дека според сите параметри, епидемијата во земјава е под контрола, но кампањата, изборниот процес и организирањето на самиот ден на изборите треба да бидат според утврдените протоколи за заштита на здравјето на луѓето.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не сака да прецизира датум за изборите, а истовремено обвинува дека со уредбите што ги носи Владата, СДСМ прави предизборен. Спорд нив, здравјето на граѓаните треба да биде приоритет, и без разлика кога ќе се случлат изборите, како што нагласуваат, ВМРО-ДПМНЕ верува во силна победа.

Инаку,Мисијата на ОБСЕ одговорила позитивно на барањето од Министерството за надворешни работи за набљудување на изборите.


Слично

Поврзани вести