ИЗБОРИ НА 21 ИЛИ 28 ЈУНИ: Лидерска кај Пендаровски
Лидерска средба под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, на која треба да се разговара за терминот за одржување на предвремени парламентарните избори ќе се одржи денеска на пладне.
Ова е втор обид да се договори датум откако на минатата средба партиските лидери не успеаја да се договорат.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев вчера изјави дека изборите се неопходни и дека тие треба да се одржат во првиот можен рок како што препорачуават здравствените власти. Рече и дека ако опозицијата има аргументи ќе ги прифати и нема да инсистира на зибори на 21 или 28 јуни.
Како што вели, нема ултиматум за датумот за избори, сака заеднички договор и како што вели, да бидеме разумни и одговорни затоа што мора да научиме да живееме со кризата додека не се најде вакцина.
– Во такви околности сите треба да бидеме разумни и да ги вратиме во функција институциите, како Парламентот и политичката Влада, вели Заев
ВМРО ДПМНЕ смета дека сите напредни земји бараат политички консензус и исполнување на здравствените критериуми за да одат на избори.
