Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗБОРИ НА 15 ОКТОМВРИ: Колку избирачи ќе имаат право на глас?

ИЗБОРИ НА 15 ОКТОМВРИ: Колку избирачи ќе имаат право на глас?

Право на глас на локалните избори закажани за 15 октомври имаат 1.814.644 гласачи, соопшти денеска Државната изборна комисија по заклучувањето на Избирачкиот список. 

Во изводите од Избирачкиот список има 1.735.682 гласачи, а 77.071 избирачи се на привремена работа или престој во странство, 1.882 за време на изборите ќе се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор, додека  девет избирачи се запишани како внатрешно раселени лица.

Шестите локални избори во Македонија, ќе се реализираат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври.

ДИК  на 17 општини со блокирани сметки со 30 милиони денари ќе им помогне во реализирањето на обврските околу организирањето на локалните избори. 

На локалните избори  ќе учествуваат 19 политички партии и коалиции, но и неколку листи на независни кандидати за општински советници.

Слично

Поврзани вести