Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗБОРИ: Кој „бега“ од отворени листи и една изборна единица?

ИЗБОРИ: Кој „бега“ од отворени листи и една изборна единица?

Ако „падне“ договор меѓу партиите, Државната изборна комисија е подготвена да реализира избори со отворени листи. 

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ нема да застанат зад иницијативата за една изборна единица. Поддршка засега дава СДСМ. Но, портпаролот на владејачката СДСМ, Костадин Костадинов, вели дека немало меѓупартиски состаноци за Изборниот законик, затоа што досега не виделе волја кај опозицијата. Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, најавува дебата на која ќе ги покани сите парламентарни партии и ќе бара да има само една изборна единица. 

Поповска за отворените листи вели дека нив може да ги имаме за локалните избори. 

ЛДП инсистира до останатите политички партии конечно да се промени изборниот модел, затоа што тоа се најавило  уште на лидерската средба кај претседателот Пендаровски, кажа претседателот на партијата, Горан Милевски.

„Инсистираме да има една изборна единица без праг, а доколку нема консензус за таа работа, постојниот изборен модел со шест изборни единици да има отворени листи. Бидејќи сите се залагаме за отворени листи, а велат дека е невозможно тоа да се направи со една изборна единица, еве апелирам тоа да се  направи со шесте изборни идиници. Со тоа ќе можеме да донесеме одлука околу нашиот настап на следните избори“, вели Милевски.

Од Алијанса на Албанците на Зијадин Села, сметаат дека потребни ни се 8 изборни единици. 

Од БЕСА бараат да се гласа во 3 наместо во 6 изборни единици. 

Во Македонија избори ќе има на 12 април. 

Изборите ќе го одложат пописот кој беше планиран да се одржи. 

Слично

Поврзани вести