Економија, финансии, бизнис

Контакт

Избори 2019: Кандидатите со нови митинзи-Каде ќе имаат средби со граѓаните денеска?

Избори 2019: Кандидатите со нови митинзи-Каде ќе имаат средби со граѓаните денеска?

*Трет ден од втората недела на изборната кампања. 

Кандидатите за претседатели на државата и денеска ќе одржуваат средби со граѓаните.

Кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски ќе митингува во Јегуновце, Теарце, Брвеница а централниот митинг ќе го има во Тетово.

Гордана Силјановска денес ќе има средби во скопските општини Бутел и Карпош а Блерим Река кој е кандидат на албанските опозициски партии Беса и Алијанса за Албанците прво ќе има средба со докторите од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, почнувајќи од канцеларијата на д-р Арбен Таравари, во Оддел на неврофизиологија и средба со граѓаните во Брвеница.

Засега пораките кои ги испраќаат кандидите секојдневно се со иста конотација но со зголемена фрекфенција на гафови.

Слично

Поврзани вести