Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗБОРИ 2019: Како ја почнаа кампањата кандидатите за шеф на државата

ИЗБОРИ 2019: Како ја почнаа кампањата кандидатите за шеф на државата

Заедничкиот кандидат за претседател на државата Стево Пендаровски денеска беше во посета на повеќе населени места, каде што се сретна со жителите на Пласница, Македонски Брод, Долнени, Лажани и Кривогаштани.

На средбите, Пендаровски со граѓаните разговараше за актуелни прашања, како и за потребата од претседател кој достојно ќе ја претставува државата и ќе бие вистински претседател на сите граѓани.

– Подготвен сум да бидам достоинствен претставник на граѓаните кој ќе работи исклучиво во нивен интерес. Ова го ветувам јасно и гласно пред сите. Се обврзувам, неуморно да работам на довршувањето на процесот на нашето зачленување во НАТО и да бидам предводник на реформските процеси што доведуваат до членство во ЕУ. Нашата земја нема друга алтернатива и шанса за побрз економски раст и развој, порача меѓудугото Пендаровски.

Пендаровски повика да продолжат позитивните промени, државата да не застанува, туку да продолжи напред кон развој, интеграција и напредок, кон ЕУ и НАТО.

Силјаноска-Давкова пак најави дека како натпартиски кандидат ќе ја побара поддршката од разочараните неутрални гласачи

Кампањата ја замислувам како рамноправен натпревар на идеи, етички натпревар на програми, витешки натпревар на ставови. Јас ќе се држам до тоа, без намера да напаѓам личност, секогаш ќе дискутирам за реалните проблеми. Ќе ги критикувам сите, ќе им се обраќам на граѓаните, индивидуите, а не на партиите. Би сакала со мене и околу мене да бидат неутралните гласачи, оние кои можеби идеолошки припаѓаат на другите партии, но она што се случуваше овие години длабоко ги разочара. Тоа на првиот ден од кампањата од Охрид го порача Гордана Силјановска-Давкова, претседателскиот кандидат поддржан од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Таа во изјавата дадена пред медиумите од Охрид, каде ВМРО-ДПМНЕ традиционално ги почнува сите предизборни камапањи и каде вечерва ќе се одржи партискиот митинг, изрази уверување дека шансите за победа на изборите се големи за непартиска, натпартиска личност, која ќе ги застапува сите граѓани.

Единствениот претседател за кандидат Албанец, Блерим Река пак кампањата ја почна од метрополата. Од Скопје тој најави дека ќе работи на враќањето на републиканизмот, со тоа што на место владеењето на поединецот да преовладува правото. За да се постигне ова според него потребно е да се деполитизира судството и администрацијата.

Слично

Поврзани вести