Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗБОРЕН МОЛК: Медиумите ќе молчат, Фејсбук не мора!

ИЗБОРЕН МОЛК: Медиумите ќе молчат, Фејсбук не мора!

Точно уште два часа до крајот на изборната кампања.

Во 12 на полноќ стартува изборниот молк, a Maкедонија во недела ја бира својата иднина.

Што е идејата на изборниот молк?

Идејата е да им овозможи на гласачите одреден период (24 часа или повеќе) за самите, без сугестии од страна, да размислат за понудените политички опции и да се одлучат за една од нив.

Иако молкот подразбира ефективна тишина, што значи дека нема политичко рекламирање на: телевизија, радио, весници и веб страници (портали), медиумите имаат проблем со утврдувањето на границите меѓу јавните и политичките функции. Политичарите, кои имаат и јавна функција, честопати го злоупотребуваат изборниот молк, па уредниците на медиумите се фатени „во небрано“ како да одлучат дали нешто е активност во името на функцијата од јавен интерес , или е потенцијална злоупотреба за политичка пропаганда.

Ова, се чини, дека е и најголемиот проблем во Македонија, изминативе години, во кои сме сведоци дека ниту едни избори (локални, парламентарни, претседателски) не поминале без злоупотреба на јавната функција. Дури и медиумите се наоѓаат во ситуација која секојпат на крајот завршува со – виновни! Имено, ако не се следат функционерите додека трае кампањата, власта може да ве нападне дека ги бојкотирате, и обратно, ако постојано се известува од тековните активности опозицијата ќе ви замери за прекршување на правилата за време на кампања.

Како е на интернет

Правила на изборниот молк се однесуваат и на електронските медиуми, без разлика што можеби нема законска основа за нивно гонење.  Тука порталите „се спасија“ благодарение на новиот Закон за медиуми во кој тие беа изземени. Сепак, на интернет, за време на изборна кампања, тие стануваат најгласни. Експертите сметаат дека овој проблем е тешко да се реши. Имено, можно е да се скрати или да се прекине молкот, но да се замолчи интернет во моментот не е можно.

Не можете само со едно копче да го исклучите интернетот, како, на пример, кабелските оператори што можат да исклучат телевизија. Пораките на интернет доаѓаат доброволно, пишува . 

Какви се правилата

На денот на изборите , во недела, од седум до 19 часот дозволено е да се објавуваат извештаи за тоа каде и како се гласа, па дури и кој канидат (за градоначалник, за носител на листа или за претседател) каде гласал, но не и нивните изјави.

  • За време на изборниот молк е дозволено да се емитуваат информации за одѕивот на граѓаните и видеа од надлежните државни органи и невладини организации за тоа како се одвива гласањето.
  • Важно е да не постои рекламирање (во медиумите) и ако има јавни собири, може да се информира дека се случило прекршување на изборниот молк, но да не се објавуваат имињата на кандидатите или имињата на партиите.
  • Не смеат да се објавуваат проценки на резултатите.
  • Медиумите, во деновите на изборниот молк мора да се воздржат од објавување на информации за редовните активности на државните службеници , освен  секако ако не се случат природни или предизвикани од човек катастрофи (земјотрес, поплава, епидемија, војна…), пишува Владо Ѓорчев во една анализа .

Фејсбук не знае за молк

Фејсбук и другите социјални мрежи не можат (а и не смеат) да им забранат на своите корисници да објавуваат што сакаат. Секако, според веќе пропишаните правила на социјалните мрежи. Можеби затоа и во Македонија ова алатка за „нарушување“ на предизборниот молк најмногу се користи.

Интернет кампања на Фејсбук

Сведоци бевме и на агресивната интернет-кампања која во изминатите денови се водеше на социјалните медиуми. И двете најголеми партии опоненти беа бклучени подеднакво во информирањето и пренесувањето на гласачите со своите активности.

Интересно е дека во светски рамки експлозија на влијанието на социјалните мрежи врз одредувањето на победникот на избори имаше на изборната кампања на американскиот претседател Барак Обама во 2011 година, а истото се случи и годинава кога победи Доналд Трамп.

Процените покажаа дека убедливата победа се должеше на агресивната интернет-кампања.

Слично

Поврзани вести