Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗБОР ЗА ОНЛАЈН НАСТАВА ОД ПРВИ ДЕКЕМВРИ ДО КРАЈОТ НА МАРТ - прогресивниот синдикат за образование вели дека вака ќе има заштита од ковид и штедење енергија

ИЗБОР ЗА ОНЛАЈН НАСТАВА ОД ПРВИ ДЕКЕМВРИ ДО КРАЈОТ НА МАРТ - прогресивниот синдикат за образование вели дека вака ќе има заштита од ковид и штедење енергија

Прогресивниот синдикат за образование, кој е членка на Сојузот на синдикатите на Македонија бара Министерството да им дозволи на наставниците на наставничките совети во училиштата самите да одлучат дали наставата ќе ја држат онлајн или со визичко присуство. 

За овој синдикат добро би било поради кризата со короната, но и поради енергетската криза, од почетокот на декември па до крајот на март, наставата да се одвива онлајн, а дури во последното тримесечие учениците да се вратат во училишните клупи.

„Во сезоната на грипови, влошување на состојбите со пандемијата од Ковид 19, енергетската криза во државава, се залагаме и бараме од МОН да дозволи наставниците на наставнички совети да можат да одлучат дали наставата да ја држат со физичко присуство или преку интернет, во периодот од 1 ви декември 2021 се до 31 март 2022 година. Доколку состојбите со пандемијата се подобрат учениците би можеле во последното тримесечие да се вратат во училишните клупи и со успех да ја завршат учебната 2021/22 година“, се вели во објавата до медиумите испратена од Влатко Секулоски, претседател на Прогресивниот синдикат на образование.

Според ПСО, овие измени освен здравствена заштита, ќе овозможат и заштеда на енергија, како и помало загадување од училиштата што се затоплуваат со други горива.

Слично

Поврзани вести