Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗБОР НА НАЈВИСОКИТЕ ТЕЛА НА ПАРТИЈАТА: СДСМ денеска ќе го одржи 30. Конгрес

ИЗБОР НА НАЈВИСОКИТЕ ТЕЛА НА ПАРТИЈАТА:  СДСМ денеска ќе го одржи 30. Конгрес

СДСМ денеска ќе го одржи 30. Конгрес, каде се очекува да биде избрано новото раководство на партијата, односно новите членови на највисоките тела, како и на Централниот и Надзорниот одбор.

Портпаролката на партијата Богданка Кузеска вчера информираше дека конгресот ќе има отворен и работен дел, а ќе се разговара за идните политики на партијата.

Прво ќе биде отворениот дел од конгресот на кој ќе се обрати претседателот на партијата, Венко Филипче.

Конгресот треба да почне во 13 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Слично

Поврзани вести