Избирачкиот список заклучен - колку избирачи ќе гласаат на 11 декември?
Државната изборна комисија го заклучи избирачкиот список.
ДИК воедно го одреди изгледот на избирачкото ливче.
Во списокот за предвремените парламентарни избори на 11 декември запишани за гласање се 1.784.416 полнолетни државјани на земјава.
Во Македонија ќе гласаат 1.531.368 граѓани, на посебниот избирачки список запишани се 230.122 лица кои согласно евиденцијата на надлежен орган се смета дека се на привремена работа во странство, а за гласање во дијаспората прифатени се пријавите на 20.573 граѓани, соопштуваат од ДИК.
На изборите на 11 декември ќе гласаат и 13 внатрешно раселени лица, 2.015 лица кои се во притвор или во затвор. Во просториите на ДИК, пред изборите, ќе гласаат и 320 лица кои се членови на избирачките одбори во дијаспората.
Избирачкото ливче ќе ги содржи имињата на сите 11 коалиции и партии што имаат кандидати на изборите. Во онаа изборна единица каде поголем број од жителите се припадници на некоја од заедниците избирачкото ливче ќе биде на македонски јазик и на нивниот мајчин јазик.
