Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗБИРААТ ГРАДОНАЧАЛНИК: Ново Село со повисок одзив од Охрид

ИЗБИРААТ ГРАДОНАЧАЛНИК: Ново Село со повисок одзив од Охрид

До 13 часот во Охрид одзивот на гласачите е речиси 22, а во Ново Село 24 отсто.

Овие две општини денеска треба да добијат градоначалници. 

По обработените податоци од повеќе од 99 отсто од избирачките места во општините Охрид и Ново Село, каде што во неделата се гласа и во вториот круг од предвремените избори за градоначалник, одѕивот на гласачите е 21,91 односно 24,14 проценти, покажуваат резултатите на Државната изборна комисија.

Во единствениот избирачки список со право на глас во Охрид се запишани 52.303 а до 13 часот правото на глас го оствариле 11.450 гласачи, додека во Ново Село 11.365, а досега гласале 2.743 избирачи.

Слично

Поврзани вести