Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изби пожар во Грција близу македонската граница

Изби пожар во Грција близу македонската граница

Пожар денеска избувнал кај јужниот сосед во близина на граничниот премин Меџитлија. Засега пожарот не е проширен на македонска територија, а Центарот за управување со кризи(ЦУК) е во постојан контакт со грчките колеги.

„Веднаш дадов насоки на раководителот на Сектор 112 во ЦУК да стапи во контакт со грчките колеги од 112. Неколку минути подоцна бевме иформирани дека пожарот на отворено го гаснат поголем број на грчки пожарникари со поддршка на 4 грчки ПП авиони. Грчкиот 112 ќе не извести благовремено доколку пожарот тргне кон македонската страна од границата“, вели Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

За опасноста од овој пожар известена е Дирекцијата за заштита и спасување од каде подготвен за полетување чека еден Ер трактор. Во Грција има над 100 пожари. 

Слично

Поврзани вести