Изби голем пожар над Штип
Голем пожар избувна попладнево на ридот над населбата Плуждино во Штип. Гори сува вегетација.
Пожарот е видлив од повеќе делови на градот, а над опожареното подрачје се издига густ чад.
Пожарот почнал попладне од удар од гром над викенд населбите Плуждино и Новакова чешма, по што се проширил кон ридовите над градските гробишта во Штип.
Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов најави вонредна прес-конференција на која ќе информира за справувањето со пожарот и евентуалните ризици по населените места.
фото МИА
Слично
