Економија, финансии, бизнис

Контакт

Избегнат уште еден скандал: Курти во Скопје за малку ќе беше пречекан со знамето на ЕУ

Избегнат уште еден скандал: Курти во Скопје за малку ќе беше пречекан со знамето на ЕУ

Косовскиот премиер Албин Курти вчера за малку ќе беше пречекан со знамето на Европската унија, наместо со тоа на Косово, објави албанскиот „Топ Чанел“.

Пред нивната конференција зад подиумот беа поставени знамето на Македонија и на Европската Унија, кое беше помешано со она на Косово, но тоа беше веднаш забележано и навреме исправено.

Во косовската делегација за оваа посета на Скопје беа и министерката за надворешни работи, Доника Гервала, министерката за правда, Албулена Хаџиу и министерот за просторно планирање, Либурн Алиу.

Влада: Класична лажна вест

„Во врска со информацијата објавена од „Топ Чанел“,  сакаме да истакнеме дека се работи за класична лажна вест.

Обидот за намерно создавање забуна е повеќе од очигледен и нема да помине кај ниту еден свесен граѓанин. Имено, ако внимателно се гледа видеото, јасно може да се забележи дека се работи за промена на постојното знаме на ЕУ, кое беше таму на претходната прес-конференција, со ново знаме за настанот што следеше подоцна со косовскиот премиер.


Не е згрешено знамето, па сменето, туку едноставно снимена е замената на знамињата односно во прилогот злоупотребен е моментот кога е заменето знамето на ЕУ кое стои до државното за да се стави знамето на државата од каде доаѓа гостинот, во случајот премиерот на Косово“,реагираат од Владата.


Слично

Поврзани вести