Економија, финансии, бизнис

Контакт

Избегал кон Средно Водно: Уапсен возачот кој синоќа прегази жена во центарот на Скопје

Избегал кон Средно Водно: Уапсен возачот кој синоќа прегази жена во центарот на Скопје

МВР објави дека е уапсен возачот кој синожа на булеварот „Димитрие Чуповски“ кај гимназијата „Јосип Броз Тито“ во центарот на Скопје прегази жена и нанесе тешки телесни повреди, по што избега без да даде помош. Од настанот беше споделено и видео на социјалните мрежи.

„На 02.11.2025 во 19:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Димитрие Чуповски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген тигуан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(33) од Скопје, удрило во пешакот М.М.(79) од Скопје и го напуштил местото на настанот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 79-годишната М.М., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Подоцна, по преземени мерки, на локалниот пат за Средно Водно е пронајден и лишен од слобода возачот А.А“,објави полицијата.
Извршен е увид и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.


Слично

Поврзани вести