Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИВЗ ги кани трудовите инспектори на баклава

ИВЗ ги кани трудовите инспектори на баклава



Исламската верска заедница категорично го демантира пратеникот Мухамед Зекири дека не им се плаќа здравствено и пензиско осигурување на имамите и дека им се наплаќаат превисоки суми на пари за организирање на хаџот и додаваат дека нивните врати се отворени за трудовата инспеција што ја најави премиерот Зоран Заев.

-Нема што да криеме, инспекцијата е добредојдена во ИВЗ, ќе ја чекаме со баклава. Кога сакаат нека дојдат, нека видат и нека проверат – велат за „Слободен печат” од ИВЗ.

Оттаму најавуваат дека утре ќе излезат со официјален став, по средбата на реизот со  муфтиите, што се организира на  нивно барање.

Од таму велат дека ИВЗ го организира хаџот, но нема продажба на визи.

– Владата негува добар однос со сите верски заедници. Не сме надлежни, ниту сакаме, а и Уставот не дозволува инволвирање во внатрешните избори и уредувања, но тоа не значи дека некој може да биде надвор од Законот кога се работи за плаќање даноци, придонеси – истакна премиерот Зоран Заев и рече дека ќе и наложи на трудовата инспекцискија да провери што се случува во ИВЗ.


Слично

Поврзани вести