Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИВОР МИЦКОВСКИ ЗА ГЕОРГИЕВСКИ: Човекот кој предлагаше размена на територии сега ќе посредувал со Бугарија

ИВОР МИЦКОВСКИ ЗА ГЕОРГИЕВСКИ: Човекот кој предлагаше размена на територии сега ќе посредувал со Бугарија

Најавата дека Љубчо Георгиевски, поранешен премиер на земјава, е можно да биде посредник за надминување на недоразбирањата меѓу Македонија и Бугарија, ги зовре реакциите на соцјалните мрежи.

Реагираше и новинарот Ивор Мицковски.

Тој смета дека ова е купи-продај политика на актуелната владејачка гарнитура.

„Македонија 2020-та година. Човекот кој придонесе за внатрешен конфликт во државата, кој предлагаше размена на територии, кој лично заедно со Љубе договори смислен масакар на 7 лица кај Раштански лозја, кој покраде и потоа стана демек бизнисмен и сега гради насекаде згради, ќе не помирувал со Бугарија. Љубе му е советник на Заев, Љубчо ќе му бил посредник. Каква купи-продај политика водите, евентуално сами себе ќе се шитнете“, пишува Мицковски на својот фејсбук профил.

Претходно Бугарски БГНЕС објави дека Георгиевски се очекува да пристигне во Софија за да ги изгладува односите.

Љубчо Георгиевски своевремено беше критикуван за бугарофилство во земјава.

Вчера Георгиевски го критикуваше ВМРО-ДПМНЕ и негови членови зошто зборуваат дека се продаваат македонските национални интереси, а порано ги убедувале луѓето дека имаме заедничка историја со Бугарија. 

Слично

Поврзани вести