Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ивор Мицковски: Телма ме избрка поради политички притисок

Ивор Мицковски: Телма ме избрка поради политички притисок

Ивор Мицковски повеќе нема да биде дел од новинарскиот тим на телевизија Телма, откако во петокот попладне му било соопштено дека нема да му биде продолжен договорот за работа. Мицковски работи во телевизијата од 2016 година, а овој епилог го смета како притисок на менаџментот на телевизијата кон него поради критичките ставови кон власта кои редовно ги соопштува во јавноста. Претпоставува дека причините се политички и вели дека неговиот случај не е само негов туку станува проблем кој треба сите да ги загрижува.

„Во Телма работам околу две ипол години, со договор кој беше продолжуван на одреден период. Редовно сум вработен на друго мeсто. Во петокот главниот уредник ме извести дека повеќе нема да сум ангажиран. Не дојде директорот туку тоа ми го соопшти преку уредничката. Кога ме прашувате за причините... Мислам дека се политички. Ова е голем проблем, во кои се вклучени и политички и бизнис интереси. Толку им е тенка кожата. Јас сум бил и цензуриран и изложен на напади, ама сега веќе на секому му е јасно зошто ми се заблагодаруваат. Притисок. Кој правел притисок врз газдите, можеме да претпоставиме. Јас сум гласен, јас зборувам, пишувам, вели Мицковски за Фактор.

Директорот на телевизијата Атанас Кировски вели дека Мицковски самиот одлучил да си замине од телевизијата и негира дека има какви било притисоци во однос на неговото изразување на ставовите. Кировски се извини затоа што не може да даде подолг одговор од објективни причини.

Ивор Мицковски е и поранешен член и функционер на СДСМ но сега е гласен критичар на дел од политиките на власта.

Во Телма работеше на деск и во надворешната рубрика.


Слично

Поврзани вести