Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иво Вајгл: Реформите да станат видливи, инаку тешко до датум за преговори

Иво Вајгл: Реформите да станат видливи, инаку тешко до датум за преговори

Европратеникот Иво Вајгл за Нова ТВ изјави дека амнестираните обвинети за упадот во Собранието на 27 април направиле полесни кривични деа и не и нанеле долгорочна штета на Македонија. И порача на македонската Влада во наредните неколку месеци да се ангажи повеќе за спроведените реформи да станат видливи за Европската унија и таа на Македонија во јуни да и одобри датум за преговори.

- Уверен сум дека, ако сега се отвораа преговорите, одговорот на некои земји би бил негативен. Треба уште многу да се направи во следните месеци за да се дадат резултати од реформите. Сега е време за сериозна работа - вели  известувачот за Македонија во Европскиот парламент

Додаде дека овој пат Франција нема да го блокира доделувањето на датумот на преговори на Македонија со ЕУ, бидејќи претседателот Емануел Макрон има сосема други ставови.

- Тој дојде на власт со интегративна проевропска агенда и не можам да замислам дека тој ќе биде тој што ќе и ја спречи помошта на Македонија во момент кога ги исполнила сите услови. Но, сега треба да се докаже дека реформската агенда не е само политичка празна фраза. Треба да се стои до обврските што македонската влада ги прифатила - навде Вајгл.

Смета дека амнестојата за обвинетите од „крвавиот четврток“ се направени во име на повисока вредност и помирување.

- Овде решавате едно клучно прашање и се фокусирате на него – како ќе го остварам тоа што е моја главна задача. Главна задача на Владата, и потрагата по разбирање од сите значајни актери во тоа, беше начинот да најде пат за помирување и да се најде пат, за оние кои имаат крупни кривични дела, тие да минат низ судовите, а да се отвори вратата и да се биде потолерантен кон оние што во некој миг се заборавиле и коишто со своите акции не им направиле трајна и голема штета на приоритетните интереси на Македонија. Така што јас не би сакал да судам, но резултатот беше позитивен и се надевам дека и во иднината постапките нема да одат во насока на реваншизам, туку во зајакнување на свеста за тоа дека правната држава е само државата во која се почитува правото - тврди тој.

Вајгел наведе дека во последниот разговор со лидеорт на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, добил цврсти уверувања дека и опозицијата ќе застане зад крупните реформи кои се најавуваат во правдата, правосудството и борбата со криминалот.. Истакна дека се потребни и реформи во економијата и админситрацијата.

За заканите на Киријакос Мицотакис дека ќе го блокира Преспанскиот договор кога ќе дојде на власт во Грција, Вајгл тврди дека тоа се само пораки за грчката јавност, додека во Европа тие не поминуваат.




Слично

Поврзани вести