Иво Котевски дојде во СЈО да даде исказ за случајот „Талир“
Иво Котевски, директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ дојде во Специјалното јавно обвинителство каде треба да даде исказ како осомничен во случајот „Талир“.
Станува збор за обвинувањата за незаконско финансирање на партијата.
Се очекува да се појават и други високи функционери на партијата, како Илија Димовски и Александар Бичиклиски. Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, најави дека денеска треба да се појават сите осомничени кои во петокот не дојдоа на распит.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и екс премиер, Никола Груевски најверојатно денеска нема да се појави. Неофицијално тој е во странство.
Во случајот „Талир“, досега осомничени се 14 лица, за перење пари и нелегално финансирање на партијата.
Слично
