Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ивица Коневски веќе има две компании за изградба на станови во Скопје, со едната му тргна, со втората има кобен почеток

Ивица Коневски веќе има две компании за изградба на станови во Скопје, со едната му тргна, со втората има кобен почеток

Инвеститор на новата зграда во Кисела Вода каде што при изградба на темелите загина еден работник а други тројца, при излизгување на земјиштето, со повреди завршија во Ургентниот центар во Скопје е Ивица Коневски, поранешниот градоначалник на Општина Аеродром.

Како што веќе е објавено и потврдено од самиот Коневски, инвеститор на зградата е Нар Инвестмент. Според податоците од Централен регистар, компанијата е релативно нова, односно регистрирана е во ноември 2025. Засега нема пријавени приходи и добивка.

Коневски од пред три години веќе има една своја компанија со иста дејност за изградба на згради - Ли Инвестментс, која веќе рекламира проекти и продава станови на социјалните мрежи во неколку скопски населби.

Според податоците на Централен регистар, Ли Инвестментс во 2025 ги има остварено првите приходи - 77.790.105 денари. Прикажаната добивка е 8.892.498 денари, односно 145.000 евра. 

Киневски за медиумите одговори дека се работи за трагедија за која поради стресот кој што го доживеал не може да даде подетална изјава.

Изведувач на проектот во Кисела Вода е дирмата „Компанија Јакимовски ДООЕЛ“, чиј сопственик е Петар Јакимовски.

Градежната фирма е основана во 2011, лани имала приходи од 50.302.646 денари и добивка од 3.150.713 денари.

Скопското обвинителство отвори истрага за несреќата во Кисела Вода каде при градежни работи загина еден работник, а тројца се повредени.

А.К.


Слично

Поврзани вести