Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ивица Коневски повторно во судница заедно со Сашо Мијалков

Ивица Коневски повторно во судница заедно со Сашо Мијалков

Ивица Коневски, поранешниот градоначалник на Општина Аеродором, како дел од јавноста денеска беше присутен во судницата при изрекувањето на првостепената пресуда за случајот „Трезор“ во кој обвинет е поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков. Покрај Коневски, присутен беше и Јордан Мијалков, еден од синовите на Сашо Мијалков.

Коневски минатиот месец беше во судница и за случајот „Тортура“ кој се однесува за бруталниот начин на апсење на Љубе Бошкоски. Еден од главните иницијатори за организирање вонреден конгрес во ВМРО – ДПМНЕ беше присутен на рочиштето заедно со семејството на Мијалков.

Коневски беше последниот човек виден во јавноста со кој се сретна Мијалков пред да стане недостапен за органите на прогонот во февруари непосредно пред изрекувањето на пресудата за „Таргет Тврдина“.


Слично

Поврзани вести