Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ивица Коневски до Мицкоски: Редно е да си одиш од ВМРО-ДПМНЕ

Ивица Коневски до Мицкоски: Редно е да си одиш од ВМРО-ДПМНЕ

Eкс градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски го искритикува однесувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на Илинден. 

Го обвини Мицкоски дека клевети, наместо да обединува. 

„Кога сите треба да се обединиме, ти пак посегна по клеветење и навреди. Сите ние што те повикуваме да си дадеш оставка и посакуваме добро на партијата, а ти очигледно си немоќен да се справиш со искрените критики. Со ова го допре дното и уште еднаш покажа дека не си достоен за функцијата што ја вршиш. Наместо ниски страсти и фрустрации, треба човек кој обединува. Редно е да си одиш од ВМРО-ДПМНЕ“, напиша Коневски.

Мицкоски, од струшкото село Ташмаруништа се извини за грешките на ВМРО-ДПМНЕ од минатото и додаде дека во Македонија мора да има правда, а тој нема да се откаже од таа цел.

Ги спомена и лицата кои бараат оставка од него. Рече дека тие во партијата гледале личен интерес, а тој кауза. 

Слично

Поврзани вести