Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИВИЦА ДАЧИЌ СЛУЖЕЛ ВОЈСКА ВО КУМАНОВО: Во слаткарница си сретна војнички другар

ИВИЦА ДАЧИЌ СЛУЖЕЛ ВОЈСКА ВО КУМАНОВО: Во слаткарница си сретна војнички другар

Деновиве српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше на граничниот премин Табановце, но и во Куманово, каде посети локална слаткарница и таму како што објави на социјалните мрежи, сретнал војнички другар. 

Министерот служел војска во Куманово. Вели дека има убави спомени од овој град. 

„Служев војска во Куманово во 1984/1985 година, при посетата видов многу пријатели, имав добри и конструктивни средби од кои сум задоволен“, напиша Дачиќ на својот Инстаграм профил.

Како што наведе се сретнал со својот војнички другар Сали. Инаку, Дачиќ и неговиот македонски колега, Панче Тошковски најавија дека од идното лето ќе има побрз проток на возила на Табановце, со помош на One stop shop. 

Слично

Поврзани вести