Ивица Дачиќ ја обвини Македонија дека е лицемерна
Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ ја обвини Македонија за лицемерие.
„Ја отворивте Пандорината кутија и нема повеќе што да се говори за тоа. Како не ви е срам, лицемери едни? Тоа важи и за Македонија. Го признавте Косово, а сега кога мечката заигра во вашиот двор, велите дека нема промена на границите“- рече Дачиќ, на заедничката прес-конференција со портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која се наоѓа во Белград.
Дачиќ, претходно изјави дека изјави дека го поддржува залагањето на претседателот на Србија, Александар Вучиќ за разграничување на Косово и дека смета дека тоа е единствено можно и брзо решение.
foto kurir
Слично
