Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

Ивица Бицевски ги започна своите работни активности откако Владата во септември го именуваше за нејзин специјален претставник при унгарското претседателство со Советот на Европската Унија, на последната владина седница.

Поранешниот амбасадор во Бразил објави дека имал средба со Јанош Бока, унгарскиот министер за ЕУ прашања, во врска со тоа како Македонија да ги продолжи европските интеграции.

„Со Јанош Бока, унгарскиот министер за ЕУ прашања и моќното динамо зад унгарското претседателство со Советот на Европската Унија , ги исцртувавме следните чекори на нашите европски интеграции, а и ги завршувавме подготовките за самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта“, објави Боцевски.

Ивица Боцевски првин беше член на СДСМ, па вицепремиер за европски прашања и владин портпарол во владите на Никола Груевски, па член на ЛДП и потоа советник на претседателот Ѓорге Иванов. Беше и амбасадор во Бразил. Боцевски беше дел од тимот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за кампањата за претседателските избори.

Унгарското претседателство со Советот на ЕУ почна на 1 јули годинава, а ќе заврши на 31 декември.


Слично

Поврзани вести