Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИВЕРМЕТКИН ВО СЛЕДНИТЕ ДВЕ НЕДЕЛИ ЌЕ СТИГНЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Ќе се изадава на рецепт преку матичен лекар

ИВЕРМЕТКИН ВО СЛЕДНИТЕ ДВЕ НЕДЕЛИ ЌЕ СТИГНЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Ќе се изадава на рецепт преку матичен лекар

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска најави дека антипаразитскиот лек „Ивермектин“ треба да се најде во аптеките и во болниците во наредните две недели. Истовремено истакна дека овој лек ги помина сите фази и во Минситесртвото за здравство и во Агенцијата за лекови, МАЛМЕД, и тоа што е основно, како што рече, се дава во различни дози на различни групи граѓани.

-Ивермектинот ќе се издава на рецепт од страна на матичните лекари и секако ќе се вклучи во терапијата во болнички услови. Лекот ќе се дава на три групи граѓани и кај сите ќе има различно дозирање, поради што мора да се консултира лекар за неговата употреба. Станува збор за ризични групи на работници, лица кои имале потврден контакт и луѓе кои се заболени од ковид-19. Различно дозирање има кај сите групи и затоа треба да биде под надзор на лекар, истакна министерот Филипче.


Слично

Поврзани вести