Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ивановски уште во 2017-та укажа на пропустот во Договорот со Бугарија што сега скапо може да ја чини Македонија

Ивановски уште во 2017-та укажа на пропустот во Договорот со Бугарија што сега скапо може да ја чини Македонија

Надворешно-политичкиот аналитичар Филип Ивановски уште во 2017 година во интервју за бугарскиот телевизиски канал „Bloomberg TV” укажа на, според него, главната аномалија и пропуст во Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, а тоа е асиметричноста на самиот договор.

Во период кога голем број од политичките чинители во двете земји зборуваа за важноста на овој историски договор кој требаше да го отвори патот на Македонија кон ЕУ, Ивановски посочи дека Договорот за добрососедство е асиметричен и поради тоа ќе создава пречки во односите меѓу двете земји. Под асиметричност се мисли на тоа дека Македонија ја признава засебноста на бугарскиот народ и јазик, а обратното не е случај.

- Непризнавањето на посебен македонски јазик и народ од страна на Бугарија ќе доведе само до прикривање на вистинскиот проблем и неизбежно ќе продолжи да ги оптоварува односите меѓу Скопје и Софија, кажа во интервјуто Ивановски.

Три години подоцна, според него, оваа констатација се покажува како точна, а пропустот во Договорот вели, сега може скапо да ја чини Македонија. Тврди дека како резултат на разликите околу јазикот и идентитетот во овој момент на нашата држава ѝ се заканува бугарско вето со што би се блокирал почетокот на нашите преговори со Европската унија.

Овој негов став можете да го погледнете во делот од интервјуто каде Ивановски јасно дава поддршка на Договорот за добрососедство, но истовремено смета дека Бугарија треба да оди чекор понатаму и да ја признае засебноста на македонскиот народ и јазик. Сѐсо цел односите меѓу двете соседни земји да бидат балансирани и рамноправни со што ќе се избегнат проблеми од ваков тип во иднина.

Видео

Слично

Поврзани вести