Ивановски: Процедурите за бришење на цензусот ќе бидат сложени и ќе има долга политичка криза
Трендафил Ивановски, поранешниот претседател на СУтавниот суд, во разговор за МИА вели дека ако не се постигне потребниот цензус од 40 отсто излезност во вториот круг од претседателските избори тоаќе предизвика долга политичка криза, бидејќи не постои гаранција дека следните ќе бидат успешни доколку се распишат повторно. Наедно ги повика граѓаните, токму поради тоа, да бидат одговорни на 5 мај.
Вели дека претседателот на Собранието, Талат Џафери, нема да биде шеф на државата туку дека само ќе ги превземе најважните функции од таа институција.
- Во тој период неговите надлежности во Собранието престануваат и нема право да донесува одлуки. Во однос на претседателските функции, тој ќе ги извршува главните функции на Претседателот на Републиката, вели Ивановски.
Според поранешниот претседател на Уставниот суд, од секој аспект на уставно-правниот, политичкиот или граѓанскиот, потребно е да се постигне цензус и да се изгласа претседател на републиката.
- Откако не ги дадоа очекуваните резултати во првиот круг, сега е потребно во конечното гласање да се постигне изборниот цензус, кој изнесува 40 отсто од вкупниот број гласачи. Најмалку пожелно е изборите да бидат неуспешни и претседателот на Собранието мора веднаш да распише нови кои мора да се спроведат во рок од 40 дена од денот на објавувањето " , вели Ивановски.
Но и таа опција, вели тој, ќе предизвика долга политичка криза. Што се однесува до цензусот, доколку се намали на помалку од 20 отсто со промена на Уставот, тоа би било компромитирачки и со загрозен легитимитет.
"Трета опција, иако ова не е решение, е да дојде до промена на Уставот, каде што ќе се предвиди евентуален избор на Претседател во Собранието. Но, тоа исто така подразбира и промена на Уставот, тоа значи постапка во која првично треба да се утврди потребата од измена на Уставот, а потоа да се донесе одлука за предлог-амандмани, а дури на крај да се утврди дека оваа одлука е донесена, што значи подолг период на оваа криза, што е апсолутно неприфатливо ", додава Ивановски.
