Ивановска: Во Центар има 11.000 празни станови, а ќе се градат уште 6.500
Независната кандидатка за градоначалник на Центар, Билјана Ивановска, во студиото на Канал 77 во емисијата „Стадион“ рече дека општините треба да го бранат јавниот интерес, а не да ги задоволуваат апетитите на инвеститорите,
- Ние како независни сме отворени за соработка со инвеститорите но согласно стандардите. Тоа што е плус алаш-вериш на страна, не е на наша фреквенција, рече поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата.
Таа додаде дека Центар се движи кон пренаселена општина која има тенденции со жителство од над 6.000 граѓани на километар квадратен со што би бил нарушен квалитетот на живот.
- Во Центар има 11.000 празни станови, а со градежните дозволи што се дадоа, ќе има уште 6.500. Јас се прашувам како досега го правеле тоа планирање на градење кога имате толку празни станови, наведе Ивановска.
