Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или за друг кандидат

Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или за друг кандидат

Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или за друг кандидат, бидејќи секој граѓанин си е здраворазумен, има право на гласање и има одговорност кому ќе го даде својот глас, изјави кандидатката за градоначалничка на Општина Центар, Билјана Ивановска. 

Таа во првиот круг од локалните избори освои 4.465 гласа.

„Голем број граѓани препознаа вредности и без особени кампањи, затоа што тоа се свесни граѓани кои наместо секојдневно да негодуваат за проблеми, преземаат акција за промени, преземаат одговорност за својот живот… Кој и да победи, доколку вистински се залага да го заштити јавниот интерес, треба да носи одлуки во полза на сите и да го заштити уставно загарантираното право за здрава животна средина и активното учество на граѓаните во креирањето и донесувањето на одлуките“, рече Ивановска.

Охрабрува фактот, вели таа, што Центар има критичка маса која што не размислува по партиска шема, а граѓаните се свесни дека промените треба сами да ги направат.

Слично

Поврзани вести