Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ивановска: Не можевме да откриеме кој е тој што му дозволил на Барлет Џафери да полага предвреме

Ивановска: Не можевме да откриеме кој е тој што му дозволил на Барлет Џафери да полага предвреме

Не можевме да откриеме кој е тој што му дозволил на Барлет Џафери да полага предвреме, изјави претседателката на комисијата за спречување на корупција, Билјана Ивановска. Таа негира дека не сакале да постапуваат, туку едноставно ги исцрпиле инструментите и истрагата со тоа завршила.

„И тоа е нашиот проблем, затоа за нас постапката застанува тука“, рече Ивановска.

Во вечерашната Топ Тема на Телма, Ивановска рече дека истрагата на антикорупционерите, која ја започнале по анонимна пријава е насочена кон откривање кој му дозволил на Џафери да полага правосуден испит за да аплицира на Академијата за судии и јавни обвинители.

Претходно, Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), на својата 75. седница одлучи дека не може да се отвори предмет за случајот со Барлет Џафери, бидејќи Министерството за правда не ја чувало документацијата.

ДКСК утврди дека Барлет Џафери се здобил со право да полага правосуден испит, иако не бил дипломиран на Универзитетот, меѓутоа дека немаат услови за да го докажат тоа.

Слично

Поврзани вести