Ивановска: Не може обични службеници да возат скапи возила
Билјана Ивановска, претседателката на Државната комисија за спречување на комисија, во емисијата „утрински брифинг“ рече дека Владата не морало „за сите службеници“ да набавува под оперативен лизинг 45 возила „Шкода Суперб Амбишн“.
Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации покажува дека за време на пандемијата најмногу патнички возила набавила владината Служба за општи и заеднички работи на Владата, која доскорешните „Пасати“ ги замени со 45 нови „Шкода Суперб Амбишн“.
- Не може сите да трошат за скапи автомобили - од претседател на држава до некои службеници. потребно е ефикасно и економично трошење на буџетските трошења. Тоа е сва зона, која се користи за да се лови во матно, смета првиот човек на Антикорупциска.
Таа додаде дека ДКСК во моментов прави анализа дали економски е поисплатлив оперативниот лиизнг или класичната јавна набавка на возила.
- Нови автомобили на лизинг е поскапа варијанта, а ние тоа ќе го објавиме како анализа, додаде Ивановска.
