Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ивановска: Наместо за „Антикорупциска“, нови простории за Министерството за политички систем

Ивановска: Наместо за „Антикорупциска“, нови простории за Министерството за политички систем

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска, вели дека Владата купила простор во кој првично требало да се всели „Антикорупциска“, но потоа истиот бил наменет за Министерството за политички систем кое го предводи првиот вицепремиер Артан Груби.

„Со Буџетот за наредна година обезбедивме средства за нови вработувања, набавка на софтвер и реконструкција на постојните простории на ДКСК, имајќи предвид дека просторот кој со одлука на Владата ни беше доделен на почетокот на 2020 година, не го добивме. Средствата наменети за купување на истиот Владата ги пренамени за здравствената криза. Надлежните министри нѐ уверија дека државата нема можности да го купи тој простор. Па ние за да го решиме проблемот со просторните услови за вработените, а уште повеќе со условите за сместување на опремата (сервери) што Комисијата ја доби преку ИПА проект, донесовме одлука за реконструкција на истиот. А неодамна Владата донесе одлука да го купи истиот простор, во кој ДКСК требаше да се пресели, но овој пат во тој простор ќе се пресели Министерството за политички систем“, изјави првиот човек на ДКСК на едно од прашањата во интервјуто за МКД.мк.

Ивановска понатаму вели дека законската корупција позната како „се е по закон“ и натаму го заробува општеството, а тоа може да се надмине само со откривањето на системските слабости во материјалните закони со препорака за нивно менување,


Слично

Поврзани вести